Најголемата софтверска компанија во Македонија, Seavus, го продолжува својот раст, воден од зголемениот обем на работа и влезот во нови сегменти од ИТ индустријата. Насочени кон отворање на нови канцеларии во поширокиот регион на Југоисточна Европа во јануари и февруари годинава, Seavus отвори две нови канцеларии, првата во Охрид и втората во Крагуевац, Србија. Преку инвестирањето и отвoрањето на нови канцеларии во земјава, компанијата инвестира во развојот на локалните ИТ таленти помагајќи им да се придружат кон тимот кој постојано се стреми кон иновации и секојдневно бележи раст.
Најголемата софтверска компанија во Македонија, Seavus, го продолжува својот раст, воден од зголемениот обем на работа и влезот во нови сегменти од ИТ индустријата.
Насочени кон отворање на нови канцеларии во поширокиот регион на Југоисточна Европа во јануари и февруари годинава, Seavus отвори две нови канцеларии, првата во Охрид и втората во Крагуевац, Србија.
Преку инвестирањето и отвoрањето на нови канцеларии во земјава, компанијата инвестира во развојот на локалните ИТ таленти помагајќи им да се придружат кон тимот кој постојано се стреми кон иновации и секојдневно бележи раст.
Водени од желбата за поголем развој на оваа индустрија во Македонија, компанијата вложува во отвoрање на канцеларии надвор од Скопје, во градови во кои верува дека постои вистински потенцијал на ИТ кадри. Со тоа Seavus придонесува и за развој на помалите градови преку отвoрање на нови работни места.